Промоција на „Македонци · Милениумски сведоштва за идентитетското име„

Македонска заедница во Франција

18 септември 2023 година, Париз, Франција – Продолжи европската турнеја на д-р Бранислав Светозаревиќ.

Во Македонската православна црковна општина “Свети Кирил и Методиј” од Париз, се одржа промоција на едно од најзначајните дела за Македонија и идентитетот на Македонците – “Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име” на авторот д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни.

Промоторите Ацо Крстески, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Европа и м-р Маја Славева, докторант по безбедносни науки, пред Македонците во Париз детално ја претставија книгата и го истакнаа нејзиното значење за Македонскиот народ и неговиот идентитет, јазик, култура и историја.

Гостите изразија голема благодарност до домаќините, протоереј отец Даниел Стојчевски и господин Владимир Будимовски, како и до Македонците во Франција, за нивната гостопримливост и беспрекорна организација на промоцијата.

Македонија е горда на ваквите Македонци.

Д-р Бранислав Светозаревиќ зборуваше за бројните историски сведоштва и артефакти за името на Македонците низ милениумите, што предизвика посебно внимание и интерес кај присутните.

После промоцијата присутните добија по примерок од книгата.

Повеќе на тема – Македонска заедница во Франција


Tags: