Форум на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Скопје

Помен и спомент за починатите борци на ДАГ во Катлановска бања

10 септември 2023 година, Скопје, Македонија – Форумот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ги одбележа Денот на независноста и поменот за загинатите Македонци и Грци кои починаа при лекувањето во болницата во Катлановска бања, за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Истовремено, Форумот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ја одбележа и 75 годишнината од насилното прогонство на децата Македонци во 1948 година.

Заедно со Форумот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија на одбележувањето беа присутни борци од Сојузот на борците за Гази Баба, здружението “Аманет – Македонец за Македонец”, Нестор Огинар со сопругата Милица од САД и здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – “Загоричани”, “В’мбел”, “Герман” и “Т’га за југ”.

На настанот присуствуваа претставници на Градоначалникот и Советот на општина Петровец.

Присутните ги поздрави претседателот на Форумот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија Ташко Јованов, поздравен говор одржа и Ицо Најдоски од Австралија, а протоколот го водеше Александар Ѓорѓиев.

Беше изведена богата културно-уметничка програма и пригодна закуска за гостите.

Споменикот на ранетите и починатите Македонци и Грци – борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во Болницата во Катлановска бања 1947-1948 година, беше откриен на 15 март 2014 година во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

Повеќе на тема – Македонска заедница во Франција