Договор за граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24/7

Македонска заедница во Албанија

14 септември 2023 година, Тирана, Албанија – По повод учеството на Конференција на министрите за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, македонскиот и албанскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и Таулант Бала остварија работна средба на која е постигнат договор: Граничниот премин Џепиште-Требиште во областа Голо Брдо да работи 24/7.

Наскоро се очекува да започнат подготовките од двете страни кои ќе значат позитивен одговор на барањата на Македонската заедница во Албанија, во областа Голо Брдо: Граничниот премин Џепиште-Требиште кај Дебар да работи 24/7, со што ќе се олеснат условите за живот и работа на Македонците во областа Голо Брдо.

Овој премин засега е од локален карактер и работи од 6 до 20 часот во летниот и од 8 до 18 часот во зимскиот период.

Повеќе на тема – Контурите на „Голема Албанија“ на новата карта на „Балканот„(Македонскиот Полуостров), кои Западот ги игнорира


Tags: