30 години од дипломатските односи помеѓу Кина и ФИРОМ/Северна

Вчера, на 25 септември 2023 година, амбасадорот на Народна Република Кина во Северна, Неговата Екселенција г. Џанг Ѕуо, приреди прием во хотелот “Александар Палас“ во Скопје, по повод 74-годишнината од формирањето на Народна Република Кина и 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Кина и ФИРОМ/Северна. Дипломатските односи меѓу ФИРОМ/Северна и Кина се воспоставени на 12 октомври 1993 година.

Знамињата на Кина и ПЈРМ/ПЈРСМ/ФИРОМ/Северна(Вентилаторот)

Од Тодор Петров

Кина е единствената голема сила, која од почетокот на дисолуцијата на поранешна СФР Југославија имаше принципиелен став: Кина ги призна сите шест републики на поранешна СФР Југославија како нејзини еднакви правни наследници. И Кина ја призна ФИРОМ/Северна под нејзиното единствено државно име ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна. Кина ги признава ФИРОМјанско/северџанско-кинеските врски и патот на свилата меѓу Кина и ФИРОМ/Северна од пред новата ера до денес.

Кина е авангарда на новиот светски поредок на културниот глобализам, авангарда на новата технолошка револуција, авангарда на мултиполарниот свет заедно со Русија, што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам, (на униполарните Соединети Американски Држави), кој врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури сè до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Европскиот центризам и американскиот унилатерализам се трајно минато свршено време. Светот ниту започнува во Брисел и Вашингтон, историјата таму не завршува.

Впрочем, 45-от американски претседател Доналд Трамп на 74-то Генерално собрание на Обединетите Нации одржано на 24 септември 2019 година многу убаво рече: “Како и мојата сакана држава, секоја нација претставена во оваа сала има негувана историја, култура и наследство, кои вреди да се бранат и да се слават, во тоа е нашата сила. Слободниот свет мора да ги прифати своите национални темели. Неприфатлив е обидот да се избришат или заменат. Гледајќи ја оваа голема и прекрасна планета, вистината е јасна за сите: Ако сакате слобода – бидете горди на Вашата земја. Ако сакате демократија – чувајте го Вашиот суверенитет. Ако сакате мир – сакајте ја својата нација. Мудрите водачи секогаш на прво место го ставаат доброто на сопствениот народ и нивната земја. Иднината не им припаѓа на глобалистите. Иднината им припаѓа на патриотите. Иднината им припаѓа на суверените и независни нации, кои ги штитат своите граѓани, ги почитуваат своите соседи, и ги почитуваат разликите што ја прават секоја земја посебна и уникатна. Вистинска полза за една нација може да постигнат само оние кои ја сакаат, од граѓани кои се вкоренети во нејзината историја, кои се хранат со нејзината култура, кои се посветени на нејзините вредности, приврзани кон својот народ и кои знаат дека нејзината иднина е нивна, таа или се гради или се губи. Патриотите гледаат на нацијата и на нејзината судбина на начин на кој никој друг не може. Слободата може да се сочува, суверенитетот е безбеден, демократијата се одржува, само ако ова благородие се остварува со волјата и посветеноста на патриотите. Во нивниот дух е силата за отпорот кон угнетувањето, инспирацијата за создавање на наследство, добрата волја да се бара пријателство и храброст да се постигне мир. Љубовта кон нашите нации го прави светот подобар за сите нации. Затоа, кон сите водачи овде денес: Придружете ни се во најсветата мисија што некој може да ја има, најзначајниот придонес што некој може да го стори. Кренете ги своите нации. Негувајте ја Вашата култура. Почитувајте ги Вашите истории. Ценете ги Вашите граѓани. Направете ги Вашите држави силни, просперитетни и праведни. Почитувајте го достоинството на Вашиот народ и ништо нема да биде недостижно. Кога нашите нации се подобри, иднината ќе ни биде посветла, нашите луѓе ќе бидат посреќни, а нашите партнерства ќе бидат посилни. Со Божја волја, заедно ќе ги оневозможиме непријателите на слободата и ќе ги надминеме угнетувачите на достоинството. Ќе поставиме повисоки стандарди на живеење и ќе постигнеме нови дострели во човековите достигнувања. Ќе ги разоткриеме старите вистини, ќе ги откриеме старите мистерии, и ќе направиме возбудливо нови откритија. Ќе најдеме поубави пријателства и повеќе хармонија меѓу нациите од било кога досега. Колеги водачи, патот кон мирот и развојот, слободата и правдата, и подобар свет за целото човештво, започнува дома. Ви благодарам. Бог да Ве благослови. Бог да ги благослови нациите на светот и Бог да ја благослови Америка. Ви благодарам на вниманието.”

На приемот на Кинескиот амбасадор на 25 септември 2023 година, ФИРОМјанската/Северната држава ја претставуваа: Министерот за правда Кренар Лега и потпретседателот на Собранието Хусни Исмаили. Од Македонците(Граџани на Република Северна) во институциите на власта ни трага. Кој ја претставува Северната држава? Не станува збор, дека сме против наведените државни претставници, независно и што се Албанци, знаат тие што прават и што сакаат, ама каде се Македонците(Граџаните на Република Северна) пред големата Кина, на значајна годишнина, во нивната држава ФИРОМ/Северна? Каде беа претседателот на Република Северна, премиерот на владата, лидерот на опозицијата? Па, до толку сервилни на Соединетите Американски Држави?

А, може да претпоставите ја косеа тревата пред американската амбасада на Калето. Е толку за нив и од нив. Не заслужуваат внимание, бидејќи по не знам кој пат го газат, го погазија достоинството на целиот ФИРОМјански/Северџански народ. Срам се за ФИРОМјанската/Северната држава.

Не научија и не научија, дека во светот важи правилото: Нема вечни пријатели, нема вечни непријатели, има вечни интереси. Војната во 2001 година во ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна не ја инсталираа Пекинг и Москва, туку “стратешките“ Брисел и Вашингтон, 1999 година си ја бомбардираа Србија. Случајно ја избомбардираа и Кинеската амбасада во Белград. Нејсе. Но, на “нашиве“ не им иде умот и не им иде.

Своевремено, кога шарлатанот Зоран Заев беше премиер, велеше: Ако ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна има проблеми со сите соседи околу себе, проблемот не е кај соседите, туку кај нас, во Северна. И, продаде сè. Ги предаде сите национални и државни интереси во намерата ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна од држава да стане територија без Македонци(Граџани на Република Северна) и историја. Е, затоа сите безбедносни служби во Северна ги расформираа одделенијата за разузнување во соседните држави, (со нив биле во ист НАТО сојуз, сме немале потреба да ги шпионираме оти “наши“ станале), оформија две нови и единствени одделенија: За борба против северџанскиот екстремизам, и За борба против руското влијание во ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна. Замислете, оваа марионетска влада се бори против “ФИРОМјанските/северџанските екстремисти“ и против “руското влијание“ во ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна, кои ги нема. Војна ни организираа, шарена револуција ни стокмија, марионетска влада ни инсталираа, нема институција во која не се инволвирани, сите датотеки им се на располагање, ФИРОМ/Северна ја претворија во змиско гнездо на сите странски разузнувачки служби, ама “нашиве“ бркаат “ФИРОМ/јански/Северџански екстремисти“ и “руско влијание“ во ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна. Важно плата земаат. И замислете, за неколку години, протераа десетици руски дипломати од Северна, се “занимавале со шпионажа“, ги прекршиле кодексите на Виенските конвенции за дипломатските и конзуларните односи. Овие другите што не решетат по висина и по должина, за нив не важат тие конвенции.

Се разбира, како преседан на едно велепредавство, ќе не изучуваат во светската историја на народите и државите. Оваа марионетска влада ја доведе државата ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна во потчинета и зависна положба кон соседните и други држави, што е тешко кривично дело утврдено во Кривичниот законик, казниво со најмалку пет години затвор.

И повторно, за настанот во хотелот “Александар Палас“: На приемот на Кинеската амбасада беше делегација на Светскиот Македонски Конгрес предводена од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

На приемот на кинеската амбасада, Тодор Петров разговараше и со Неговата Екселенција Кинескиот амбасадор во ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна г. Џанг Ѕуо и со Неговата Екселенција Рускиот амбасадор во ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна г. Сергеј Баздникин, (американската амбасадорка ја немаше) се разговараше за продлабочување и унапредување и на ФИРОМјанско/северџанско-кинеските односи и на ФИРОМјанско/Северџанско-руските односи, за традиционално добрите односи помеѓу Северџанскиот и Рускиот народ и Северџанскиот и Кинескиот народ. Иако владата се бори против кинеските и руските инвестиции во ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна и ги брка руските и кинеските дипломати од ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна.

Светот се развива на мултиполарни основи и ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна мора да ја прилагоди својата надворешна политика на новата геополитичка карта на светот. ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна мора да гради политики на активен мултилатерализам, од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост”, што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи. Северна ја преферира не само евро-атлантската, туку и евро-азиската соработка. И тоа е легитимно и суверено право – неприкосновено, неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација.

А, имајќи предвид дека суверенитетот на државата ФИРОМ/Северна е неделив, неотуѓив и непренослив, произлегува од граѓаните и ним им припаѓа, притоа остварувајќи ја власта преку демократски избрани претставници и по пат на референдум, ниту една власт не смее да заборави дека, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, речиси четири петини од вкупниот број запишани избирачи, ФИРОМјани/Северни по род и државјанство, гласаа за “суверена и самостојна држава ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна“ без придавки и без додавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок. Ниту една власт не смее да заборави дека, на референдумот одржан на 30 септември 2018 година, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, ФИРОМјанци/Северџанци по род и државјанство, не гласаа “за членство во ЕУ и НАТО“ и “не ја прифатија Спогодбата Димитров-Коѕиас“ од 17 јуни 2018 година, за промена на името на државата ФИРОМ/ПЈРМ/ПЈРСМ/Северна и идентитетот на Северџанскиот народ.

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес се сретна и со бардот на македонската дипломатија, Неговата Екселенција г. Јордан Плевнеш, поранешен македонски амбасадор во Франција – ерудит од меѓународен формат.

Секоја власт, па и актуелната марионетска, е менлива и минлива. Останува северџанско-кинеското, северџанско-руското, северџанско-американското геостратешко партнерство и братство – трајно и непроменливо. Не сме исправени пред судбинското: Или – Или. Туку пред историското: И – И. Со сите. Не – со некои против другите, туку со сите заради љубов и мир во светот: Цело е кога има сè. Никогаш Република, само Северна вечна од исконот до бескрајот.

Повеќе на тема – Sjeverna


Tags: